„Средношколски пленум“ од денес почнува бојкот на наставата | Правдико

Правдико

   

„Средношколски пленум“ од денес почнува бојкот на наставата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Средношколски пленум“ најавува дека од денес средношколците ќе почнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими на средба и на преговори.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Ѝ соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, „Средношколски пленум“ ги радикализира своите мерки и активности околу запирање на лошите реформи во образованието. Имено, под радикализација подразбираме почнување бојкот на наставата во средните училишта. До почнување со ваква форма на изразување на незадоволството дојде по таканаречената последна опомена која им ја дадовме на надлежните институции и по недобивањето одговор и повратна информација од нив, и покрај нашите неуспешни макотрпни обиди и трудови нашиот глас да биде слушнат и да стапиме во контакт со институциите, за кои сметаме дека си поиграа со нас и ја изневерија нашата доверба. Воедно, ја користиме оваа можност, повторно да го повикаме министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими претставниците на „Средношколски пленум“ на средба и на преговори, бидејќи во спротивно, ќе продолжиме со нашите активности за изразување на незадоволството и на револтот кој е предизвикан кај учениците“, велат од „Средношколски пленум“.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико