Средношколците од денеска ќе кампуваат пред МОН | Правдико

Правдико

   

Средношколците од денеска ќе кампуваат пред МОН

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Средношколците од денеска ќе спијат под отворено небо и ќе кампуваат пред МОН. Со 24 часовно присуство ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор.

srednoskolci-mon

Бојкотот во училиштата продолжува, со тоа што учениците ќе ја бојкотираат наставата, а по завршувањето на часовите ќе се приклучат на кампот.

Од средношколскиот пленум велат дека немаат намера да ги прекинат ваквите активности се додека не се случи средбата и покрај тоа што законски уште две недели бојкот може да значи бркање од училиштата.

Не отстапуваат од барањата за враќање на стариот концепт на полагање државна матура, законот за екстерното тестирање да биде ставен во мирување и електронското полагање на државна матура да се укине.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико