Срѓан Керим кандидат за генерален секретар на ОН | Правдико

Правдико

   

Срѓан Керим кандидат за генерален секретар на ОН

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата одлучи да го номинира Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Македонија, за функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Керим е еден од најискусните дипломати не само во Македонија туку и во регионов. Беше претседател на 62. Генерално собрание на Обединетите нации, а пред тоа долгогодишен амбасадор во Германија и во Швајцарија. Беше амбасадор и во Обединетите нации. Срѓан Керим ја извршуваше и функцијата специјален пратеник на координаторот на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

45E78B4B1E06F040B82A71BA7F015D6E

Вториот петгодишен мандат на сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун од Јужна Кореја, истекува на крајот од идната година. Генералните секретари на Обединетите нации се избираат по систем на ротација. Пред Бан Ки-мун два мандата на тоа место беше Кофи Анан од Гана, Африка. Поради тоа Источно-европската група во ОН, на која припаѓа и Република Македонија, во ноември 2014 година зазeде заеднички став дека следниот генерален секретар на ОН би требало да биде избран од нејзините редови.

Во соопштението на Владата се наведува дека „како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите-членки за претседавањето со Генералното собрание на ОН, Владата на Република Македонија оцени дека Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ОН“.

Главен збор при донесувањето на одлуката за избор на генерален секретар имаат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико