Српски државјани се обиделе да преминат граница со украдени возила | Правдико

Правдико

   

Српски државјани се обиделе да преминат граница со украдени возила

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера полициските службеници на граничен премин Табановце во два случаи одзеле украдени возила, односно со фалсификуван ВИН број на возило. Според Министерството за внатрешни работи, во двата случаи се работи за државјани на Република Србија.

– Во 09:05 часот на Полициска станица за Граничен премин -Табановце полициски службеници извршиле контрола на возило „Фолксваген Шаран“ со српски национални ознаки, управувано од Д.В. (50) од Бујановац, Србија. Притоа било констатирано дека е фалсификуван ВИН бројот на возилото. Со Потврда за привремено одземени предмети возилото е одземено, а лицето е приведено. Во 10 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка – информираат од МВР.

Во 18 часот пак, бил вториот случај.

– При преглед на патничко возило ,,Мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од Д.Ф. (27) од Самољица, Бујановац, Србија, од страна на полициски службеници било констатирано дека е фалсификуван идентификационен ВИН број. Лицето е приведено и во 18:45 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка – велат од МВР.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико