Српските адвокати почнаа еднонеделен штрајк поради убиството на нивниот колега Огњановиќ | Правдико

Правдико

   

Српските адвокати почнаа еднонеделен штрајк поради убиството на нивниот колега Огњановиќ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради убиството на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, неговите колеги од денеска почнуваат еднонеделен целосен прекин на работата, соопшти Адвокатската комора на Србија, додавајќи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети.

„На овој начин сакаме да испратиме јасна порака за единство во професијата и за цврстата решеност дека адвокатурата нема да се помири со вакви случаи“, се вели во соопштението на Комората.

Претседателот на Комората, Виктор Гостиљац изјави дека по повод убиството на Огњановиќ, бара итна средба со министрите за правда и за внатрешни работи, како и формирање истражен тим за брзо пронаоѓање на сторителите, во кој би биле вклучени претставници на Јавното обвинителство, полицијата и адвокатите.

Педесет и седумгодишниот Огњановиќ беше застрелан пред влезот на зградата во која живееше во Нов Белград. При нападот е ранет и неговиот 26-годишен син.

Извор: Радио слободна Еврпа

Препорачуваме

Партнери на Правдико