Српските дипломати повлечени зашто имало докази за разузнавачко дејствување против Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вработените од Амбасадата на Србија во Македонија се повлечени на консултации кога од надлежните органи за разузнавање се добиени доволно докази за многу офанзивно разузнавачко дејствување против органите и институциите на Србија.
„Нашите луѓе треба да бидат подготвени и спремни за да знаеме како ќе дејствуваат во новото опкружување што не ни беше познато до пред неколку месеци. Ќе има некои промени во нашиот персонал за да се заштити нашето пријателство со Македонците. Има многу шпекулации и мислам дека во следните 10 дена сè ќе биде многу појасно“, рече Вучиќ. Според него, за таа одлука имало повеќе причини, но надлежните органи го утврдиле ова и му обезбедиле докази. Сепак, претседателот пред новинарите изјави дека Србија ќе продолжи да развива пријателски односи со Македонија.
Ќе чекаме што ќе кажат Албанците за Косово и за УНЕСКО и што ќе каже Скопје за тоа. Наше е да се подготвиме и да можеме да одговориме. Да го заштитиме нашето дејствување од влијанието на надворешните фактори и дејствувања“, рече Вучиќ. На прашањето дали таа надворешна сила е Русија, Вучиќ одговорил дека не помислил на тоа додека зборувал.
Сите вработени во српската амбасада во Скопје беа повлечени минатата ноќ на итни консултации во Белград. Министерството за надворешни работи на Македонија најави претходно дека добило нота од Амбасадата на Србија во Скопје со која биле информирани дека сите вработени биле викнати на консултации во Белград.
Премиерот Ана Брнабиќ рече дека имала консултации со претседателот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Извор: Макфакс