ССМ поднесе нови кривични пријави против група фалсификатори, негира физички напад врз лидерот на исклучените синдикати | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

ССМ поднесе нови кривични пријави против група фалсификатори, негира физички напад врз лидерот на исклучените синдикати

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тринаесетте грански синдикати и легитимно избраното раководство предводено од претседателот на Сосјузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Живко Митревски, јасно го добија легитимитетот и со најновото решение од Министерството за труд и социјална политика со кое ее поништено ретходното донесеното Решение од поранешната техничка министерка, донесено врз основа на фалсификувани документи, донесено врз основа на незаконити и нестатутарни дејствија спротивни на Закон и Статутот на ССМ, се вели во соопштението од ССМ во кое се негираат претходните информации дека во зградата на ССМ Дарко Димовски, бил физички нападнат и по физичкиот напад и прегледите во Градска болница е задржан на трауматологија.

ds_ssm1

Истовремено во петокот од ССМ и синдикатите кои го поддржуваат Митревски, објавија дека дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, беа покренати повеќе кривични пријави за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, за кои се предвидени казни затвор од 3 до 10 години.

„Против лажно претставуваниот в.д. претседател Дарко Димовски, сторител на повеќе кривични дела поднесени се повеќе нови кривични пријави вклучително и за групата фалсификатори и синдикални пензионери за насилно превземање на зградата на ССМ, нарушување на владение, попречување на нормално функционирање на ССМ, попречување на работата на други грански синдикати, самовластие и други кривични дела, за кои исто така се предвидува повеќе годишни казни затвор“, се наведуведува во соопштението..

Во четвртокот Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти дека го поништило решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од функцијата, со што тој останува легитимен претседател на ССМ.

Претходно во четвртокот членови на гранските синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, кои избраа ново раководство на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), се собраа во холот на зградата на ССМ со цел да спречат од нив разрешениот претседател на ССМ Живко Митревски да ги исели од зградата. Тие упатија апел до Централниот регистар да ги впише промените во раководството на ССМ што тие ги изгласале на 13-ти ноември лани, а кои се потврдени со решение од Министерството за труд и социјална политика.

Според последните изјави на Живко Митревски, на седница на Советот, 13 гранкови синдикати гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, кршење на Статутот и неплаќање членарина редовно.

Во денешното соопштение на ССМ се истакнува дека за групата „фалсификатори и синдикални пензионери, нема место во синдикатот“. „Таквите луѓе не заслужуваат понатаму да вршат какви и да било функции поради извршените кривични дел и злоупотреба на волјата на членството, кое застана зад Митревски и легитимно избраното раководство на 19-тиот Конгрес на ССМ“, се додава.

„Со ова соопштение накрај сакаме најостро да ја демантираме најновата лага на манипулаторот Дарко Димовски, кој на најбезобразен начин пласира нова лага дека бил физички нападнат. Станува збор за нова лага со цел истиот и групата фалсификатори да се извлечат од кривичните дела“, истакнуваат од ССМ.

Според нив било спречено „дивеењето и алкохолизираната состојба и разрушениот инвентар“, и притоа службите на ССМ во присуство на полиција ги отстраниле сите пречки за нормално функционирање на зградата на ССМ и на институциите кои делуваат во неа.

„ССМ и 13-те грански синдикати за разлика од 4-те други кои се исклучени од ССМ се фокусирани на спроведување на програмата на ССМ и на обезбедување на работничките права и интерес. Во интерес на членството на ССМ и 13-те здружени грански синдикати останува отворен за соработка со сите добронамерни членови но не и за раководствата кои се препознатливи по фалсификување и синдикално пензионирање“, се заклучува во соопштенеит.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико