ССМ сака, ама се плаши да го поддржи К-15 | Правдико

Правдико

   

ССМ сака, ама се плаши да го поддржи К-15

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sindikatiДенеска потписниците на Синдикалната повелба, по повод преговорите на ССМ со Организацијата на работодавци за исплата на К-15 во приватниот сектор, требаше да ја соопштат одлуката за тоа дали К-15 останува или се укинува пренесува Мета.мк

Прес-конференцијата беше закажана во 11 часот пред зградата на ССМ.

Додека се чекаа изјавите од претставниците на ССМ и на Организацијата на работодавци, пред новинарите изјави дадоа претставниците на Конфередацијата на слободни синдикати, „Солидарност“ и на „Ленка“, соопштувајќи го својот став зошто К-15 не треба да се укине.

Во меѓувреме, вработен на портирница ги извести новинарите кои случајно беа влезени во зградата за да се засолнат од жештината, дека прес-конференција нема да има, туку од ССМ ќе испратат соопштение до медиумите.

– Живко се плаши да не го „нападнеме“ – искоментира една новинарка.

Имајќи предвид дека станува збор за организација што ги застапува правата на работниците, тие, во поглед на нашата професија, најмалку беа испочитувани. Што со одлуката прес-конференцијата да се одржи пред зграда на 38 Целзиусови степени, што со одлуката во последен момент да се одлучи да нема изјави. И притоа никој од засегнатите страни, да не излезе пред новинарите.

Имајќи го предвид односот спрема еснафот, останува да ги прашаме чии интереси застапува синдикатот?

Извор: МЕТА.мк

Партнери на Правдико