Старец полово се изживувал врз малолетник | Правдико

Правдико

   

Старец полово се изживувал врз малолетник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постар охриѓанец заработи кривична пријава за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

На 12-ти минатиот месец околу 14 часот, пријавениот С.Г. (77) од Охрид, управувајќи патнички автомобил кон својот дом во Охрид, забележал малолетно лице од соседството, го запрел возилото и му пришол прекинувајќи го во детската игра.

Притоа, С.Г. започнал разговор со 11 годишниот малолетник околу претстојниот празник „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минутен разговор, С.Г. го повикал малоленото лице до автомобилот паркиран до неговата гаража, велејќи му дека ќе му покаже интересни работи. Кога двајцата заедно стигнале до возилото, С.Г. извадил еротски списанија, а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа која била во близина на возилото и го турнал малолетникот во гаражата заклучувајки ја вратата.

Тука, пријавениот С.Г. со примена на сила започнал да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело. Малолетникот со активен отпор, успеал да го оттурне сега пријавениот и да ја отвори вратата од гаражата по што избегал во својот дом.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико