Ставриќ: Сведокот е лажен, вистината ќе излезе на виделина | Правдико

Правдико

   

Ставриќ: Сведокот е лажен, вистината ќе излезе на виделина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Офталмологот Дејан Ставриќ и оштетениот Владо Кузмановски од Прилеп со различни верзии за тоа како две илјади евра завршија во рацете на докторот. Во повтореното судско рочиште Кузмановски го обвини докторот дека му ги побарал парите кои ќе ги подели со уште тројца членови на Комисијата која треба да му одобри инвалидска пензија.

stavrik

Не можеше да се сети што точно зборувале со Ставриќ неколку минути пред да му ги даде обележаните пари под маса во кафулето на скопската железничка станица каде полицијата го уапси, ниту пак дали му кажал дека поднел барање за инвалидска пензија.

Откако го даде исказот веднаш ја напушти судницата без да ја сослуша одбраната на Ставриќ кој рече дека парите кои ги договарале биле наменети за уплата за операција која требало да ја изведе српскиот хирург Мирослав Вукосављевиќ кој требало да го оперира во клиниката Корнеа Медика каде работи. По завршувањето на рочиштето офталмологот рече дека сведокот е лажен а процесот против него наместен.

„Тука се работи за лажен сведок и за лажно обвинение во овој прилично монтиран процес до сега и затоа ќе повторам дека не би коментирал детали. Мислам дека кажав се со квалификацијата и на сведокот и на процесот. Очекувам фер и правично судење и очекувам вистината да излезе на виделина.“, изјави обвинетиот офталмолог Дејан Ставриќ

Предметот беше вратен во повторена постапка откако Апелација ја укина првичната пресуда донесена во само едно рочиште според која Ставриќ доби една година затвор поради низа недоследности. Д-р. Дејан Ставриќ беше еден од најжестоките синдикални лидери, кој повеќе од 50 дена беше предводник на штрајкот на лекарите.

Судењето продолжува кон средината мај кога треба да се сослушаат членовите на Комисијата при ПИОМ кои одлучиле позитивно за инвалидската пензија на оштетениот Кузмановски.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико