Стажот ќе може да се откупува за 2.800 денари месечно | Правдико

Правдико

   

Стажот ќе може да се откупува за 2.800 денари месечно

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието вчера, во рамките на 53. седница, ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и за инвалидско осигурување со кој се овозможува откуп на стаж.

denari1

Со овие измени, на осигуреникот кој бил во работен однос, но не му е платен придонес за пензиско и за инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година, му се овозможува сам да си изврши плаќање на придонесот и со тоа да оствари право од пензиското и од инвалидското осигурување.

– Ќе им помогнеме на голем број граѓани кои најчесто во периодот на транзицијата или поради затворање на компаниите поради стечај и ликвидација, не само што го изгубија работното место, туку и не им беа платени дел од придонесите за пензиско и за инвалидско осигурување за периодот во кој работеле – изјави министерот Диме Спасов, истакнувајќи дека има огромен број лица кои се соочуваат со ваков проблем.

Тие што ќе сакаат да го откупат стажот, месечно тоа би чинело околу 2.800 денари.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико