Сте ја прочитале ли некогаш Европската конвенција за човекови права и основните слободи ? | Правдико

Правдико

   

Сте ја прочитале ли некогаш Европската конвенција за човекови права и основните слободи ?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

cedhОсновите на човековите права – почитувањето на секој поединечен човечки живот и достоинство – можат да се најдат во најголем број големи светски религии и философии. Човековите права не треба да се купуваат, заработат или да се наследат – тие се нарекуваат “неотуѓиви” затоа што никој нема право да му ги одземе на било кој од било каква причина. Ова значи дека тие се својствени за секое човеково битие, без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповеста, политичкото или друго мислење, национално или општествено потекло, имотен, статус по раѓање или друг статус.

Човековите права се особено важни во односите меѓу луѓето и државата.Со нив се контролира и регулира извршувањето на државната власт врз поединците, се доделуваат слободи на поединците во однос на државата, и со нив се бара од државата да ги задоволи основните потреби на луѓето под нејзина јурисдикција. Овие права најдобро се опишани во меѓународните текстови (или инструменти) за кои се договориле државите и со кои се поставуваат стандардите во областа на човековите права. Најпознат ваков инструмент е Универзалната декларација за човековите права, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1948 година – во која се изнесуваат начелата кои и натаму имаат силно влијание во целиот свет.

Иако Декларацијата сама по себе не е обврзувачка, многу правници би го изнеле аргументот дека истата станала правно обврзувачка преку меѓународниот обичај и практика, затоа што се употребува во уставите и правните случаи на многу земји.

Превземете го целиот текст на ЕКЧП ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико