Правдико

   

Стефанова тврди дека Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите барајќи спогодби за Камчев

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова пред судот рече дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор и да одат во домашен притвор Орце Камчев, Цветан Панделевски и уште тројца осомничени од предметот „Империја”.

 

„Рече дека тоа е важно за процесите и за донесување на Законот за јавно обвинителство. На тоа се побуни единствено обвинителот Артан Ајро, другите си молчеа. Јас не можев да сфатам каква врска имаат Камчев и Панделевски со Законот за ЈО?!”, рече таа.

Според Стефанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.

„Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: ‘Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори нејќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот’. Јас бев вознемирена. За истрага која била работена три месеци, не може да се пристапи кон склучување спогодба. Ова се случи на 16 април 2019 година”, рече Стефанова.

Таа пред судот додаде дека во тие моменти сакала да даде оставка, да излезе пред медиумите и да се обрати до Советот на јавни обвинители.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико