Стефановиќ: ДНК-траги од најмалку три лица на оружјето најдено кај домот на Вучиќ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со вештачење на оружјето и на муницијата пронајдени во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, идентификувани биле парцијални траги од ДНК од најмалку три лица, соопшти денеска министерот на внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Сепак, изјави Стефановиќ, дел од трагите биле едни преку други и тешко било да се изолира еден примерок на ДНК, кој би можел да се користи за споредување.
Во близина на семејната куќа на премиерот Александар Вучиќ во Јајинци, кај Белград во саботата беа откриени сандаци полни со оружје, односно ракетни фрлачи „зољи“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција со калибар 7,62 милиметри, 4-5 куршуми за автоматско оружје и 15 куршуми од непознат калибар.
Стефановиќ денеска изјави дека не може да зборува за истрагата, но дека е „малку веројатно дека некој го донел оружјето во шумата само за да го остави таму“.
Извор: Мета