Стејт департментот предупреди за можен терористички напад во Барселона | Правдико

Правдико

   

Стејт департментот предупреди за можен терористички напад во Барселона

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до туристите кои планираат да патуваат во Барселона, Шпанија, во текот на празниците дека е зголемен ризикот за терористички напад околу Божиќ и Нова година, пренесува РТ.

Стејт департментот го објави своето предупредување за патување на „Твитер“ во неделата укажувајќи на тоа дека посетителите на Шпанија во текот на празниците треба да внимаваат на возила во движење и да бидат претпазливи кога се во туристички места и транспортни центри бидејќи терористите може да нападнат со мало или без предупредување.

Советуваното ниво за патување во Шпанија, според Стејт департментот, е на два од четири, веднаш под  „размислете дали да патувате”.

Барселона и блискиот Камбрилс беа цел на два напади во август минатата година, во кои загинаа вкупно 16 лица и беа повредени повеќе од 150 лица.

Алармот за тероризам на Шпанија е на ниво четири од пет или „високо“ по терористичкиот напад од јануари 2015 година на неделникот „Шарли Ебдо“ во соседна Франција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико