Стево Пендаровски национален координатор за НАТО? | Правдико

Правдико

   

Стево Пендаровски национален координатор за НАТО?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стево Пендаровски, пратеник и поранешен претседателски кандидат, ќе биде именуван за национален координатор на Македонија за влез во НАТО, се шпекулира во политичките кругови. Именувањето, како што се дознава, поради законските пречки, треба да се случи по локалните избори.

Македонија веќе еднаш имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Поради неуспехот во Букурешт и политиката што ја водеше поранешната влада кон алијансата, оваа функција стана беспредметна. Новата Влада на СДСМ настојува да ги врати позициите на Македонија во меѓународната заедница и да ги обнови шансите за прием на земјата во алијансата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико