Што предвидуваат предлог измените во Законот за градење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за градење се уредуваат градењето, основните барања на градбата, потребната проектна документација за добивање на одобрение за градење, правата и обврските на учесниците во изградбата, начинот на употреба и одржување на градбата, како и други прашања од значење за градењето. Со одредбите од законот се утврдува кој го врши и каква е постапката за инспекцискиот надзор.
Како резултат на aнализите направени од примената на законот произлезе потребата да се изменат односно дополнат одредбите од законот кои се однесуваат на урбаната опрема од причина што под урбана опрема не се смета и опремата за продажба на хранакако и сплавовите во речните корита. Исто така се врши изменување и дополнување на одредбите од законот со кои се дефинираат градбите како градби од прва и втора категорија од причина што во постоечките одредби градбите во индустриските и зелени зони не се категоризирани во ниедна категорија на градбите, а истите реално треба да постојат. Измените на постоечката одредба во законот ќе овозможат тоа што како градби од прва категорија ќе се утврдат и индустриските и зелени зони и градбите во овие зони основани од Владата на Република Македонија, а индустриските и зелени зони и градбите во овие зони основани од општините како градби од втора категорија.
Воедно, се предлага за продуктоводи, топловоди, нафтоводи, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, системите за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија да може одобрение за градење да се издаде без решени имотно-правни односи, а најдоцна до поднесување на барање за одобрение за употреба или извештај од извршен технички преглад, имотно-правните односи да бидат решени.
Исто така, градбите кои се привремени градби за потреби на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кои се градат во рамки на технолошките индустриски развојни зони, отворени и затворени спортски игралишта,спортски сали со бруто развиена површина до 1500м2 и отворени спортски игралишта се оцени дека нивната изградба односно поставување треба да биде согласно член 73 и 74 со кои е пропишано за кои градби не се издава одобрение за градење туку се води постапка за издавање на решение.
Причини за проблемите кои се предмет на разгледување
Од причина што со постоечките одредби под урбана опрема не се смета и опремата за продажба на хранакако и сплавовите во речните корита, потребно е допрецизирање односно дополнување на законот со овие видови на урбана опрема. Исто така, од причина што во постоечките одредби градбите во индустриските и зелени зони не се категоризирани во ниедна категорија на градбите, а истите реално треба да постојат, се појави потреба од измени на постоечката одредба во законот така што како градби од прва категорија се утврдуваат и индустриските и зелени зони и градбите во овие зони основани од Владата на Република Македонија, а индустриските и зелени зони и градбите во овие зони основани од општините како градби од втора категорија.
Во постоечките одредби, недостасуваат системите за наводнување и одводнување, поради што се предлага прецизирање на одредбите од законот и со овие системи, а за отворените спортски игралиштата да не се води постапка за одобрение за градење туку да се издава решение за изведување односно поставување на градбата.
Со постоечките одредби не може да се издаде одобрение за градење без решени имотно-правни односи поради што се предлага за продуктоводи, топловоди, нафтоводи, градби за производство на електрична енергија од обновливи извори, системите за наводнување и одводнување, базени на ниво на терен за јавна употреба како и за објекти за потребите на државни органи, агенции или фондови основани од Владата на Република Македонија да може одобрение за градење да се издаде без решени имотно-правни односи, а најдоцна до поднесување на барање за одобрение за употреба или извештај од извршен технички преглад, имотно-правните односи да бидат решени.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА