Стојчески со кривична против Панчевски-влијаел на судии да се стекне со имот кој бил и на други сопственици | Правдико

Правдико

   

Стојчески со кривична против Панчевски-влијаел на судии да се стекне со имот кој бил и на други сопственици

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кочо Стојчески, раководителот на Сектор за инспекциски служби – Општина Центар – Скопје, како приватно лице, поднесе кривична пријава во СЈО против Владимир Панчевски-претседателот на Кривичен суд и против други лица за злоупотреба на службена должност и овластување.

pancevski20zgrada-1

Стојчески го сомничи Панчевски дека влијаел на судии за донесување на пресуда за стекнување на наследно право во постапката за денационализација на објект изграден на улица „Никола Вапцаров“ број 6, јавува А1он.

Во пријавата до СЈО е наведено дека Панчевски поднел нецелосни податоци за сопственоста на објектот во постапка за добивање на одобрение за реконструкција, каде што лажно се претставил тој и уште двајца од семејството дека се единствени сопственици на објектот. Како доказ во кривичната пријава на Стојчески се доставени имотни листови бр. 97270 и бр. 107669 каде што како сопственик покрај другите се јавува и Република Македонија со 67 метри квадратни стан 2 во влез 1, како и лицето А.Д. кој е сопственик на 5/17 од стан 1 во влез 1 со површина од 113 метри квадратни.

Кривичната пријава, според Стојчески е поднесена до СЈО, бидејќи од обемот на прислушувани разговори постојат основани сомненија дека во дел од нив може да има докази за кривичните дела наведени во пријавата.

Стојчески ги повикува сите кои било какви докази да ги достават до него или до СЈО како дополнување на пријавата.

Инаку, деновиве, сопствениците на објектот на ул. „Никола Вапцаров“ бр.6, во центарот на Скопје, меѓу кои е и претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, започнаа самостојно да ја уриваат незаконски изградената надградба, откако Општина Центар утврди дека последните два ката се бесправно изградени.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико