Столтенберг: НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија | Правдико

Правдико

   

Столтенберг: НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најави дека в среда во Брисел, министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата, за време на разговорите за Западен Балкан ќе го разгледаат пристапниот процес на Македонија во НАТО, како и годишниот акционен план за Босна и Херцеговина.

„Веднаш штом договорот за името ќе биде применет, подготвени сме да го потпишеме пристапниот протокол со Скопје. Се надевам дека Скопје ќе ја искористи оваа шанса да пристапи кон НАТО. Ние сме подготвени да ги поздравиме како 30 членка“, порача Столтенберг, говорејќи за Македонија.

Тој додаде дека по потпишувањето на пристапниот протокол, македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на алијансата. Во Брисел замина министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во чијашто агенда се и неколку билатерални средби.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико