Столтенберг: НАТО подготвен да ја брани Турција | Правдико

Правдико

   

Столтенберг: НАТО подготвен да ја брани Турција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

НАТО е подготвен да го брани својот сојузник против заканите на своето јужно крило и да испрати трупи на Алијансата во Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

08102015100019_11052015141917_Jens Stoltenberg Nato

– НАТО е подготвен и способен да ги брани своите сојузници вклучувајќи ја Турција од какви било закани. НАТО веќе одговори со подигнување на своите капацитети со наша подготвеност да распореди сили вклучително на југ, каде е и Турција, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Тој рече дека на состанокот ќе доминира прашањето за сириската криза.

– Во Сирија веќе видовме вознемирувачка ескалација на руските воени активности. Ќе го процениме најновиот развој на случувањата и импликациите за безбедноста на Алијансата, доаде тој.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико