Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари за медијација | Правдико

Правдико

   

Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари за медијација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СКМ-2-Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП  според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година.

Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација.

Динамиката на бизнисите, трендот на интензивно намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста, технолошките придобивки со можности за моментален трансфер на информации, мобилност во сите сегменти од живеењето, ја наметнуваат потребата да се надмине традиционалното водење на судските постапки и да се бараат нови начини за ефикасно разрешување на споровите и конфликтите преку иницирање постапки со ефикасни начини на решавање на споровите како што е медијацијата.

Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката, што не е случај во најголем дел од споровите кога се води јавна судска постапка.

Оттука, согласно потребите на компаниите, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започнува со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведува поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките, согласно горенаведените одредби. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП, текот на постапката за медијација, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација, за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“.

Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите:

Screenshot_1

 

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ:

* Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата);
* Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи:
– Медијабилни предмети – предмети погодни за медијација;
– Медијацијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015);
– Медијацијата во работните спорови – решавање на работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на работните споровите;
– Надомест на штета и медијацијата;
– Заштита на потрошувачите во постапка за медијација;
– Придобивките од медијацијата.

ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси…

Контакт:
Елизабета А. Ефтимова
тел: 02 32 44 074
Е-адреса: beti@mchamber.mk

Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително.

Препорачуваме

Партнери на Правдико