Правдико

   

Стопанските комори бараат одложување на даночните реформи за најмалку 5 години

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четирите стопански комори, потписници на платформата за јавно-приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија официјален допис до Министерството за финансии, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.

„Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашни претпријатија и организираа две фокус групи по однос на ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија.

Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Согласно направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање“, се вели во соопштението на четирите стопански комори.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико