Стопирано извршување на две смртни казни во Арканзас | Правдико

Правдико

   

Стопирано извршување на две смртни казни во Арканзас

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд во американската сојузна држава Арканзас стопираше две смртни казни само неколку часа пред нивното извршување. Истовремено, сојузниот апелациски суд ја поништи одлуката на основен суд кој го блокираше планот на државата за 11 дена да изврши осум смртни казни.

Според американските медиуми, затворениците Дон Дејвис и Брус Ворд кои се осудени за убиство го чекале повикот за егзекуција во нивните ќелии, а налогот за извршување на смртната казна истекол на полноќ.

Следните егзекуции во Арканзас се закажани за в четврток.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико