Страдањата на палестинските христијани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Додека очите на целиот свет се вперени кон настаните во појасот Газа, не смее да се заборави и страдањето на христијаните во палестинските територии, кои живеат во тој дел од светот уште од самите почетоци на христијанството. Малку е познато дека барем во западниот брег живеат над 200.000 христијани, кои како и своите сограѓани, се борат за независна Палестина. Но, голем дел од христијаните во палестинските територии во моментoв имаат проблем со сопствениот идентитет, не затоа што не знаат или пак не се свесни за тоа кои се, и што се, се разбира тие се палестинци како и своите сограѓани во палестинските територии, но религијата е таа која што на моменти ги исклучува од останатите свои сограѓани, соборци.
Притоа мора да се каже дека нивната бројка во минатото била далеку по голема, а тие како и своите соседи муслимани, заедно се бореле, рамо до рамо за слободна палестина. Палестинските христијани како во минатото, така и денес се големи борци за независноста на Палестина. Но, голем делод нив, околу56% живеат во Израел, а останатите пак, скоро секојдневно страдаат од своите сограѓани и соседи, и тоа само заради својата религиозна припадност. Зошто е тоа така и како успеаа во последниве 60 години да се влошат работите помеѓу самите палестинци, како успеа религијата да се наметне помеѓу луѓето кои се бореа и сеуште се борат за иста цел, за истата кауза, Палестина.
Одоговор на ова прашање може да се бара на многу места, дискриминацијата постоела и сеуште постои во тие краеви, но овој вид на дискрминација и религиозна нетрпеливост започнува со крајот на студената војна. Палестинската ослободителна организација-ПЛО, на почетокот беше формирана како социјалистичка организација.Вусшност голем дел од арапските движења кои беа формирани за време на студената војна беа социјалистички по својата природа, па според тоа, водени од социјалистичката идеологија, дискриминацијата од било каков вид била скоро непостоечка во редовите на овие организации.
Како пример може да се наведе Мишел Афлак, основачот на Баат партијата, партијата која во 60 години на минатиот век ја освои власта во неколку држави од блискиот исток и која сеуште има големо влијание врз жителите од тие краеви, а која е социјалистичка, барем по својата природа. Исто така, тука е и Џорџ Хабаш, кој како и Мишел Афлак, беше од православно, христијанско семејство, а го основаше народниот фронт за слобода на Палестина, организација која беше една од движечките сили за палестинска независност. Фактите го говорат тоа дека христијаните во овој дел од светот биле и сеуште се големи поборници за слобода, еднаквост и рамноправност, нешто што во последниве години не го добиваат за возврат.
Малку е познато на пример дека во западниот брег, и во одредени градови во Израел, со мнозинство палестинско население, односно места каде што тие со векови биле мнозинско население, сега се малцинства во сопствените градови, и тоа во градовите каде што започнала христијанската религија, Витлеем и Назарет, каде што христијаните се помалку од третина од вкупното населението во овие градови. Иако градоначалниците на овие градови по некаков непишан договор се сеуште христијани, сепак не е лесно да сеуправува со еден град или една општина, кога во советот на градот имачленови од терористички организации од типот на Хамас.
За тоа каква е ситуацијата со христијаните во овие градови, говори и тоа дека христијанско население во Витлеем на пример има опаднато од 90% во 1950 година, до 15% во 2006 година, од вкупното население во овој град. Можеме да претпоставуваме зошто е тоа така, но какви и да сепричините, низок наталитет, висока емиграција, или пак и двете заедно, најголема улога во исчезнувањето на христијаните од тие простори имадискриминцијата со која во последниве неколку децении се соочуваат палестинските христијани.
Од друга страна пак, за разлика од западниот брег, христијаните во Појасот Газа се подложени на секојдневен терор од Хамас кој самостојно владее со ова мало парче на палестинска територија. Христијаните во Газа се под 1%, околу 3.000 од вкупно 1.8 милион жители кои живеат на територија од 360 квадратни километри. Теророт кој христијаните го доживуваат во Газа не само што е скоро секојдневен, туку е и од две страни во исто време. Од една страна тука се радикализираните членови и следбеници на Хамас, а од друга страна тука е Израел кој не само што не се интересира за ова малцинство, кое и не е под негова надлежност, но со секојдневните бомбардирања и спорадичните конфликти со Газа, кои се случуваат на секои неколку години, дополнително влијае кон тоа хрисијанското население да страда од радикалните следбеници на Хамас, кои се најодговорни за исламизацијата на Појасот Газа.
За тоа каква е дискриминацијата со која се соочуваат христијаните во Газа, говори и фактот дека вкупното христијанско население од 12.000 пред една деценија, се има намалено на нешто под 3.000 христијани кои се соочуваат со секојдневна дискриминицаија, присилни промени на нивната религија и убиства од радикалите кои владеат со Газа. Доказ за ова е убиството на Рами Хајад, сопственик на книжара во Газа, кој во 2007 година беше киднапирани претепан до смрт, а неговата книжара запалена, само заради фактот што Хајад, 60 годишен човек со висока репутација помеѓу своите соседи, бил христијанин. Навистина, христијаните во Појасот Газа се под вистинска закана од исчезнување, точно е дека целокупното население на Газа страда од постојаниот конфликт со Израел, но христијаните се тие кои што се скоро секојдневно прогонувани, протерувани и убивани само заради тоа што не припаѓаат на мнозинската религија во овој дел од Палестина.
Од околу 400.000 палестински христијани, 160.000 од нив, со текот на годините се имаат преселено во Израел, додека пак останатите во западна европа и САД, каде што за разлика од Палестина, уживаат некакви права и слободи кои би требало да се уживаат во секоја демократска држава. Во исто време, малку е познато дека Рамалах, главниот град на палестинските територии во минатото бил доминантно христијански град, и иако ситуацијата повеќе не е таква, сепак не само што една третина од градот е христијанска, туку и градоначалникот е христијанин. Исто така, мора да се каже и за пиварата која ја имаат создадено палестинските христијани во малото градче Тајбех во западниот брег, каде што и покрај повремените обиди на нивните сограѓани да ја уништат, сепак пиварата повеќе од 20 години успешно го произведува познатото, во тие краеви, Тајбех пиво.
Не би можеле да знаеме каква би била иднината за христијаните во палестинските територии. Но, Фактите говорат дека тие имале и сеуште имаат голема улога во палестинското општество. Нивниот придонес од културен, политички и економски аспект, е огромен, ибез разлика на дискриминацијата со која се соочуваат, тие имале и сеуште имаат голем придонес во развојот на палестинското општество и во борбата за независна Палестина. Бидејќи иако нивните сограѓани понекогаш не ги сметаат за рамноправни жители на Палестина, христијаните како во минтото, така и сега, се во најголем дел предадени на сонот за независна палестинска држава.
Автор: Ј.Ѓ.
–ПРАВДИКО–