Странски борци сеуште доаѓаат во Сирија, вели американската разузнавачка служба | Правдико

Правдико

   

Странски борци сеуште доаѓаат во Сирија, вели американската разузнавачка служба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бројот на странски борци кои патуваат за да се приклучат на Исламската држава или милитантните групи во Сирија продолжува да се зголемува, тврди висок американски официјален претставник за контратероризам, а истото треба да го изнесе пред конгресното сослушување денеска.

islamska-drzava

САД и нејзините сојузници веруваат дека повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 90 земји се отидени во Сирија, вели директорот на Националниот центар за контратероризам, Ник Расмусен, во сведочењето подготвено за сослушувањето на Претставничкиот дом на комитетот за домашна безбедност на САД.

Сепак, протокот на борци во Сирија е нередовен, а порастот во проценката не значи дека стотици нови странски борци доаѓаат во Сирија секоја недела, изјави дописник за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

Расмусен се очекува да каже пред комисијата дека најмалку 3.400 странски борци во Сирија дошле од западните земји, и дека дел од нив се и повеќе од 150 американски државјани.

Тој вели дека “мнозинството” од оние кои пристигнуваат во Сирија сега се приклучуваат на формациите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико