Правдико

   

Странски хакери украле милион денари од штипска компанија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 63-годишниот Т.М.Л., државјанин на Кралство Холандија и А.К.О., државјанин на Јужна Африка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Холанѓанецот и Јужноафриканецот во мај минатата година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, неовластено навлегле во компјутерски систем, односно во меил комуникација помеѓу правно лице од Штип и нивниот деловен партнер, кој бил правен субјект од Холандија.

На 10 мај пријавените го измениле меилот на холандската фирма, односно банкарските податоци во доставената документација, каде што штипското правно лице извршило уплата од 18.000 евра на сметката на пријавените.

На овој начин, тие се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 18.000 евра или 1.098.000 денари на штета на правното лице од Штип.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико