Стразбур: 339 предмети од Македонија чекаат пресуда | Правдико

Правдико

   

Стразбур: 339 предмети од Македонија чекаат пресуда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од вкупно 1.014 пресуди на Европскиот суд за човекови права во 2018 година,  12 се однесуваат на Република Македонија и во сите е констатирано кршење, односно непочитување на Европската конвенција за човекови права, објави МИА.

Според статистиките на Судот од Стразбур, една од пресудите се однесува на отсуство на ефективна истрага, за слобода на изразување, заштита на сопственост, три пресуди за непочитување на правото на слобода и сигурност, правото на правично судење и правото за собирање и здружување и една од пресудите е за констатирано кршење на другите членови на Конвенцијата.

Од вкупните статистики на Судот од неговото основање до денес, ЕСЧП донел 21.651 пресуда, од нив 153 се однесуваат на Република Македонија која пристапи во Судот во 1995 година со членството во Советот на Европа и пристапувањето во Европската конвенција за човекови права.

Од 153 пресуди што се однесуваат на Македонија, во 136 е констатирано кршење на Конвенцијата, во 12 немало кршење на Конвенцијата,  три предмети биле решени со спогодба на тужителите и државата или нивно отпишување од постапката и уште три пресуди биле со правично задоволување, ревизија, прелиминарни исклучоци или ненадлежност.

Пред ЕСЧП од Стразбур во текот на 2018 година пристигнаа 43.100 предмети, односно -32 отсто помалку во споредба со 2017 година кога пристигнале 63.350 предмети. Овој дел од статистиките беше коментиран непосредно пред нивното објавување од Генералниот секретар на Советот на Европа, кој објасни зошто ланската година имаше толку големо и драстично намалување на предметите кои пристигнале во Стразбур од сите 47 земји членки на Советот на Европа.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд смета дека Европскиот суд за човекови права сега се заснова на посилна основа од таа кога тој е избран во 2009 година. Во тоа време, кредибилитетот на конвенционалниот систем беше доведен во прашање поради заостанати 160.000 предмети. До крајот на минатата година оваа бројка беше сведена на 56.000. Овој развој беше во голема мера постигнат со пренамена на ресурси на теренот за да се донесат закони во земјите-членки во согласност со Конвенцијата и како и за обучување на судии и адвокати.

Во текот на 2018 година 7.644 од пристигнатите жалби до Судот им биле доставени на владите, односно +6 отсто во споредба со 2017 кога биле доставени 7.225 жалби.

Истовремено донесени се вкупно 42.761 одлуки или пресуди од Судот (-50 отсто во споредба со 2017 кога беа донесени 85.951 пресуди и одлуки) од нив 2.738 биле пресуди (-82 отсто во споредба со 2017 кога имало 85.951 пресуда), донесени се и 40.023 одлуки за отпишување од постапка или неприфаќање на жалбите (-43 отсто во споредба со 2017).

На 31 декември 2018 година пред ЕСЧП на разгледување чекале 56.350 предмети, скоро исто колку и на 1 јануари 2018 кога чекале на одлука 56.250. Во детали 22.250 се наоѓале пред Големиот судски совет (-15 отсто), 29.350 се пред Комитетот +25 отсто и кај еден единствен судија 4.750 пресуди +10 отсто.

До 31 декември 2018 има 339 предмети кои се однесуваат против Република Македонија, а чекале на пресуда или одлука од Судот од Стразбур, три од нив биле прифатени (1 отсто), 106 предмети (31 отсто) биле доставени до владата, 35 од предметите се наоѓаат пред еден единствен судија или Комитет на Судии од категоријата 6 и 7 (или 10 отсто од предметите), а 195 од предметите (58 отсто) чекаат на прво разгледување  од Советот или Комитетот од категоријата 1-5.

Од графиконот за тоа како биле разгледувани предметите од Македонија се гледа дека само за 2018 година имало 305 предмети кои биле дадени на разгледување на судска инстанца на ЕСЧП, 263 предмети биле прогласени за неприфатливи или избришани, 36 биле доставени до владата, а за 15 предмети имало пресуда или одлука.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико