Правдико

   

Стразбур го разгледува случајот „Пајажина“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

До 26 ноември Владата ќе треба да достави одговор до Стразбур за притворот на Велија Рамковски. Европскиот суд за човекови права ја прифатил апликацијата на одбраната на Рамковски во јули годинава.

ECHR 1

Но пред да отпочне процедура побарано е и од двете страни да одговорат дали би постигнале пријателска спогодба. Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковски, се жалат на должината на притворот, на необразложените решенија и нарушената пресумпција на невисност. 

Помеѓу неколкуте прашања, Стразбур прашува дали апсењата во случајот „Пајажина“ се во согласност со Конвенцијата.

– Дали одлуката на Апелациониот суд во Скопје од 21 април 2011 година, кој одлучувал по жалбите за должината на притворот на Емел и Велија Рамковски што беше поднесена три месеца претходно, во февруари, може да се третира како „брзо“ одлучување, какво што е значењето на членот 5 став 4 од Конвенцијата?

Дел од одбраната на Рамковски за 24 Вести потврди дека судот ја потврдил апликацијата но не откриваат каков одговор ќе достават.

Владиниот застапник во Стразбур, Костадин Богданов вели дека го подготвуваат одговорот. Сепак не сакаше да открие дали власта е спремна да се договори со Рамковски бидејќи со тоа тврди ќе биде повредена доверливоста на постапката.

Освен „Пајажина“, Стразбур во еден предмет доставил прашања и за уште два други случаи, Бајруш Сејдиу и неколку лица опфатени во судскиот процес „Фаланга“, бидејќи и нивната жалба се однесува на притворот. И за нив се подготвува одговор.

Согласно досегашната пракса очекувањата се дека судот во Стразбур околу овие апликации ќе треба да се изјасни до срединатана 2016та година. Досега неколку случаи од земјава кои стигнаа пред ЕСЧП завршија во корист на жалителите.

Санакциите за државата се парични, во износ од по неколку илјади евра, но одлуките на Стразбур не влијаат за пресудите и затворските казни.

Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико