Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во негова корист. Судот утврдил дека во случајот „Х против Македонија“ постојната законска рамка во земјата има јазови и сериозни недостатоци што го довеле транслицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет. Државата ќе треба да му исплати и 9 илјади евра нематеријална штета за претрпен стрес. Ваквата вест ја објави коалицијата „Маргини“ на „Фејсбук“.
„Коалицијата ‘Маргини’ денес во судот во Стразбур доби позитивна пресуда во случајот ‘X против Македонија’, во кој судот утврди дека постојната законска рамка има јазови и сериозни недостатоци што го довеле транслицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.
По оваа одлука, Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот. Судот на транслицето му додели 9.000 евра нематеријална штета за претрпен стрес во изминатиот период“, соопшти коалицијата.
Тужителот Х, чиј идентитет е таен, е роден во 1987 година во Македонија како девојче. Но, од најрано детство се доживувала како машко. Во 2010 година ја почнува постапка за менување на полот. Во меѓувреме почнала и со хормонска терапија во Белград за да ја зголеми стапката на тестостерон во организмот. По враќањето во земјава, МВР прифатило да ѝ биде сменето името во личните документи, но ознаката за пол останала „женски“ затоа што процедурата за менување на оваа ознака се прави според друг закон. Поради соочувањето со многубројни пречки при обидот од женско да го смени полот во машко со поддршка на коалицијата „Маргини“, трансродовото лице Х се одлучува да поведе тужба во Стразбур.
Даниела Трпчевска-Зафировска
Извор: Макфакс