Струјата од август поскапа за 10 проценти? | Правдико

Правдико

   

Струјата од август поскапа за 10 проценти?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dalekovod-8-20120229105950748Нова цена на струјата, повисока и за 10 проценти, ќе плаќаат граѓаните од август годинава, велат извори од енергетските компании. Стручните служби на Регулаторната комисија за енергетика веќе ги разгледуваат поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ќе следи одлука.

Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторна, со кои се бара зголемување на цената на струјата и за 10 проценти.

Од вкупната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните, 50 проценти отпаѓа на ЕЛЕМ, 44 проценти на ЕВН и 6 проценти на преносот, односно на МЕПСО.

За колку проценти ќе се зголеми цената на струјата ќе се знае до крајот на јули, а новата цена во сметките ќе биде испорачана од август годинава. Минатата година цената на струјата се зголеми за 3,5 проценти.

Според податоците на Еуростат, Македонците плаќаат најниска цена за струјата во регионот. Податоците покажуваат дека граѓаните во Македонија плаќаат просечна цена од 0,0785 евра за еден киловат-час, додека во Косово просечната цена е 0,0552, а во Србија просечната цена на еден киловат-час изнесува 0,0607 евра.

Во Бугарија, пак, едно просечно семејство плаќа 0,0832 евра за еден киловат-час, во Грција 0,1767 евра за киловат-час, а во Словенија еден килват-час има просечна цена од 0,1630 евра. Во Босна и Херцеговина цената на килват-часот е 0,0791 евра , во Црна Гора 0,0985 евра. Цената на еден киловат-час што ја плаќа едно просечно домаќинство во Албанија изнесува 0,1156 евра.

Иако цената на струјата во Македонија е висока за граѓаните поради нискиот стандард и големата невработеност, споредено со регионот, Македонија има најниска цена на струјата заедно со Косово и со Србија. Во споредба со другите земји во регионот, цената е меѓу најниските и покрај тоа што земјава речиси една третина од потрошувачката ја набавува од увоз.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико