Правдико

   

Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права : (со посебен осврт на критериумите за допуштеност)

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полноправното членството на Македонија во Европската унија е еден од приоритетните стратегиски интереси на земјата. Овој национален приоритет претставува еден од главните двигатели за одредување на насоките и за спроведување на реформите во Македонија. 13 години по добивањето на статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, Македонија направи исчекор во евроинтеграциските процеси и доби препорака од Комисијата за почеток на преговорите за членство. При тоа престои период во кој Македонија треба целосно да ги исполни сите критериуми за пристапување кон ЕУ. Од особено значење во овој процес е исполнувањето на политичките критериуми како дел од така наречените Копенхашки критериуми кои подразбираат стабилност на институциите, загарантирана демократија, владеење на правото и заштита на човековите права и правата на малцинствата.

Во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија во изминатите години се апелираше на конзистентност во судската пракса што се очекува да допринесе кон подобрување на предвидливоста и правната сигурност како суштински дел од принципот на владеење на правото. Конкретно во делот на заштита на човековите права, статистиките во изминатите години покажуваат дека годишно помалку од 5% од поднесените предмети во Европскиот суд за човекови права завршиле со пресуда, што укажува на сериозни недостатоци во познавањето на критериумите за допуштеност од страна на поднесувачите на предметите. Со цел да се адресираат наведените проблеми, Фондацијата “Фридрих Еберт” се одлучи да даде свој придонес со издавањето на актуелна и консолидирана публикација за функционирањето на Европскиот суд за човекови права со особен осврт на критериумите за допуштеност.

Дополнителна причина за издавање на оваа публикација претставува и фактот што во Македонија постои потребата од стручна литература која ги содржи сите важни и актуелни податоци за целокупното функционирање на Европскиот суд за човекови права. Литературата која им е на располагање на студентите содржи застарени податоци и не ги опфаќа измените во конвенцијата за човекови права и во самиот систем во изминатите неколку години.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико