Струмичанец полово се задоволувал пред 16-годишно девојче
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Струмица поднесе кривична пријава против 19-годишниот Џ.А. од село Куклиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело задоволување на полови страсти пред друг.
Џ.А. влегол во собата на 16-годишно девојче во село Куклиш, сестра на негов другар. Девојчето било само дома. Пријавениот прашал дали е дома брат ѝ, а откако разбрал дека не е, ѝ се доближил и извршил полово дејствие пред неа, по што си заминал.
Извор: Нова Македонија