Струмичанец со секира нападнал продавачка затоа што не сакала му даде пиво | Правдико

Правдико

   

Струмичанец со секира нападнал продавачка затоа што не сакала му даде пиво

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесетгодишен струмичанец и негови пријатели со камења, стапови и секира нападнале продавачка затоа што не сакала да му даде пиво на вересија. Нејзиниот сопруг се обидел да ја одбрани, но напаѓачите го повредиле и него.

Според информациите на полицијата, вчера во 21 часот, Л.В. (33) од с. Баница, Струмичко, пријавила во полиција дека истиот ден околу 16 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја нападнал. Тој побарал пиво на одложено плаќање, но кога не му дала, почнал да ја навредува по што физички ја нападнал.

По тоа, пред продавницата дошол нејзиниот сопруг, а К.Р. го нападнал и него. Тие успеале да го истуркаат К.Р. од дворното место, но по кратко време К.Р. се вратил со уште неколку непознати лица, кои носеле камења, стап и секира и почнале да ја демолираат куќата, продавницата и возилата паркирани пред неа и притоа им нанеле телесни повреди на продавачката, нејзиниот сопруг, свекорот и уште двајца нивни роднини.

По инцидентот, К.Р. (20), А.Р. (26), Д.Р. (25), сите од с. Баница, биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико