Струмичанка украла телефони во вредност од 930 илјади денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против струмичанката Н.Ј. (31) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“.
Пријавената во својство на референт за продажба во подружница на приватна фирма во Струмица успеала да присвои 46 мобилни телефони кои ги примала на залиха во продажниот салон, причинувајќи материјална штета од 931.656 денари.
Исто така, спротивно на Законот за заштита на личните податоци, таа без согласност искористила лични податоци на повеќе лица од веќе прибавени копии од лични карти или други лични документи, за на нивно име да изготви и направи договори за засновање на претплатнички однос и договори за користење на јавни комуникациски услуги со еден мобилен оператор.
При склучувањето на таквите договори на нивно име земала мобилни телефонски апарати, а на договорите пријавената го фалсификувала нивниот потпис. Првичната причинета материјална штета е проценета на околу 1.500.000 денари.
Извор: Нова Македонија