Правдико

   

Струмичка фирма затајувала данок три години

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против правното лице за увоз-извоз „Париз-Сашо“ и против сопственичката 42-годишната А.С., поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување и уништување деловни книги“.

– Од 1-ви јануари 2013 година до јануари 2017 година пријавените, со цел да одбегнат целосно или делумно плаќање на данок на што се обврзани со закон, во книговодствената евиденција дале лажни податоци за своите приходи заради неточно утврдување на износот на нивните обврски, не пријавиле приход и не евидентирале фактури во сметководствената евиденција добиени од правни лица – дистрибутери на цигари. На овој начин пријавените одбегнале да платат персонален данок и данок на добивка за 2013, 2014 и 2015 година – објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико