Струшка фирма вршела незаконита експлоатација на минерални суровини | Правдико

Правдико

   

Струшка фирма вршела незаконита експлоатација на минерални суровини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bager-630x289Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правниот субјект „Бокоп“ од струшкото село Боровец и против овластеното лице Н.И. (49) од истото село. Во врска со казненото дело „фалсификување службена исправа“, во пријавата опфатено е и лицето Ѓ.Д. (61) од Охрид вработен во ГД „Гранит“ АД – Скопје. На 18.08.2015 година на локалитетот „Црвена Вода“ општина Дебарца, со работни машини сопственост на „Бокоп“ извршена е незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на чакал.

Експлоатацијата на минералните суровини определена со закон, „Бокоп“ го извршил без концесија односно дозвола за таа дејност, по што чакалот го транспортирал до селото Црвена Вода каде изведувал градежни работи за реконструкција на одводен канал до водната комора на ХЕЦ „Песочани“.

На тој начин биле пренесени околу 50 м кубни чакал со што правниот субјект се стекнале со противправна имотна корист од 30,000 денари предизвикувајќи штета на Република Македонија.Третопријавениот Ѓ.Д. во својство на службено лице административен извршител, вработен во ГД„Гранит“, на 17.08.2015 година со внесување на лажни податоци изготвил согласност-акт со невистинита содржина, кој архивиски не го евидентирал во евиденциите на ГД„Гранит“ АД Скопје.

Потоа направил фотокопија од актот и свесно, со умисла, им го остапил на сопствениците на „Бокоп“ ДОО-Боровец кои како вистинска ја презентирале до СВР Охрид а оригиналот го уништиле, прикриле, оштетиле или на друг начин го направиле неупотреблив

Препорачуваме

Партнери на Правдико