Правдико

   

Струшкото обвинителство поднесе обвинение против две лица за убиство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство – Струга поднело обвинение против Б.Б. и Е.Б., кои се товарат за убиство, кое се случи во декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица.

policiska-lenta

„По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела убиство од член 123 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на јавното обвинителство.

На 13 декември минатата година, на патот меѓу Струга и Долна Белица се случи престрелка меѓу две групи, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети.

Двајцата обвинети, Б.Б. (45) и Е.Б. (30), се жители на селото Велешта.

Извор: Мета

Партнери на Правдико