Стружанец доби кривична пријава затоа што ѝ се заканувал на поранешната девојка | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Стружанец доби кривична пријава затоа што ѝ се заканувал на поранешната девојка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и тригодишен жител на струшкото село Франгово заработи кривична пријава затоа што ѝ се заканувал на својата поранешна девојка.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело загрозување на сигурноста, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М. (23) од струшкото село Франгово.

Пријавениот кривичното дело го сторил на 10  јуни во 22 часот и 30 минути во ноќен клуб во Охрид.

„Кога дознал дека неговата поранешна девојка со друштво се наоѓа во ноќниот клуб, Е.М. пристигнал во угостителскиот објект и се упатил кон масата каде што била таа. Видно револтиран и со агресивно однесување, тој на висок тон ѝ упатил низа навредливи зборови, но и сериозни закани за нејзиниот живот предизвикувајќи страв и вознемиреност кај девојката и кај другите присутни“, соопшти СВР Охрид.

Набргу пријавениот заминал по што продолжил да ѝ се заканува со СМС-пораки на нејзиниот мобилен телефон.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико