Стружанец следел охриѓанка прекршувајќи судска забрана за приближување | Правдико

Правдико

   

Стружанец следел охриѓанка прекршувајќи судска забрана за приближување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот М.М. од струшкото село Франгово., поради неизвршување судска одлука.

– Пријавениот, подолг временски период ја следел оштетената Д.Ц. (23) од Охрид, со телефонски јавувања но и со СМС пораки и упатувал сериозни закани со што и предизвикал чувство на страв и вознемиреност. Тоа го правел иако со судско решение издадено од Основниот суд во Охрид во декември минатата година, му било забрането на било каков начин да контактира со оштетената, да ја следи, да и се приближува на растојание помало од 100 метри, имал забрана да и се заканува и присилува, да ја вознемирува, да ја уценува и да ја следи, физички да ја напаѓа како и забрана да се приближува до работното место и до нејзиниот дом – стои во соопштението на СВР Охрид.

Додаваат дека игнорирајќи ја забраната, пријавениот М.М. свесно продолжил, од неговиот мобилен телефон да и се јавува на оштетената и да и праќа СМС пораки, продолжил со навреди и закани по нејзината сигурност и постојано ја следел, со што и предизвикал чувство на силен страв и вознемиреност.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико