Стружанец со саксии нападнал санитарни инспектори | Правдико

Правдико

   

Стружанец со саксии нападнал санитарни инспектори

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стружанец со саксии нападнал санитарни инспектори кои пристигнале во неговата куќа во која има приватна здравствена заботехничка лабораторија.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело спречување службено лице во вршење службени дејства‚ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.О. (37) од Струга.

„Пријавениот го сторил казненото дело на 5 јули во 12 часот и 15 минути во приватната здравствена заботехничка лабораторија ‘Сек-Смиле’, лоцирана на улицата Моша Пијаде во Струга. При обид за вршење контрола од инспектори во државниот санитарен инспекторат од подрачното одделение во Охрид, пријавениот Н.О., како сопственик на куќата каде што била сместена заботехничката лабораторија, се обидел најнапред вербално да ја спречи контролата, а потоа и физички да се пресмета со претставникот на државниот санитарен инспектор“, информира СВР Охрид.

Поголем инцидент спречил доктор вработен во лабораторијата, кој го оттргнал пријавениот од инспекторите.

„Бидејќи инспекторите биле спречени да ги извршат службените дејства и немало услови за вршење на предвидената контрола, тие ја напуштиле здравствената заботехничка лабораторија. При нивното заминување, пријавениот Н.О. од балконот на куќата фрлал со саксии кон санитарните инспектори со намера да ги повреди“, информира полицијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико