Студентите и хонорарците не се откажуваат од протести
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Отстапките во последен момент кон студентите и хонорарците не го смирија во целост револтот. Дел од нив велат дека овие чекори се ретерирање на надлежните, но не и исполнување на нивните барања за целосно повлекување на последните измени на законите за високо образование, односно за придонесите на хонорарите.
Иако добија одложување на државниот испит за една година и можност да се вклучат во креирањето на новите законски решенија, не попуштаат ни студентите. Тие најавуваат дека во среда ќе формираат автономна студентска зона во универзитетскиот кампус каде преку предавања, критички осврти и перорманси на надлежните ќе им порачаат дека борбата за подобар квалитет во образованието не е завршена.
Минатата недела владата и претставници на студентите и професорите договорија одложување на државниот испит за една, а останатите спорни одредби за две години.
Вчера пак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи вработените да не плаќаат придонеси за хонорари до висина од просечна плата, а невработените да плаќаат само за сумите над минималната плата.
Извор: 24Вести