Студентите на нов марш во петок | Правдико

Правдико

   

Студентите на нов марш во петок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наближува мигот во кој ќе го заковате последниот клинец во мртовечкиот ковчег на автономијата на универзитетот, се вели во отвореното писмо на професорите упатено до владата.

studentski-mars-1

 

Професорите додаваат дека за разлика од порано сега застануваат зад своите студенти и додаваат дека се работи за нивен (де)марш до институциите, кои не само што не ги испочитувале колегиумите и наставничките совети во врска со државниот испит, туку и ги понижиле пред ТВ камерите со политика на свршен чин.

„Најодговорно тврдиме дека државниот испит не е „лекот“ за болестите од кои страда високото образование! Ваквиот државен интервенционизам во автономијата на универзитетот е знак на непочитување, непризнавање и потценување на сопствената национална академска заедница, нешто што ниту една власт во светот не би го направила доколку држи до националните вредности. Ова е директен удар врз уставно загарантираната слобода на образование, бидејќи државата одлучува кој може да дојде до диплома, а кој не е способен за тоа.“

Универзитетскиот професор Јетон Шасивари пак на дебатата одржана во Исламскиот младински центар во Скопје вели дека е манипулација информацијата дека државниот испит постоел во некои европски земји како Чешка и Словачка.

„Македонскиот модел ќе биде единствен во светот, а македонските студенти ќе бидат уникатни по тоа што секој испит ќе го полагаат два пати“, вели Шасивари.

Откако Владата на седница го усвои предлогот за државен испит кој сега треба да го изгласа Собранието, студентскиот пленум на официјалната фејсбук страница го закажа третиот студентски марш во петок.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико