Студентите најавуваат можна окупација на универзитетите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Начелна окупација на факултетите договорија студентите вчера (03.02) вечер на генералниот пленум.
Идните академски граѓани, за ваквата опција размислуваат веќе подолг период, но како што велат главниот договор секогаш мора да падне на еден од пленумите, каде што се собираат повеќето од нив.
Окупирањето на факултетите треба да се случи во најскоро време, бидејќи за нив е неприфатлива спогодбата меѓу универзитетскиот сенат и МОН за средба наредниот вторник.
Пленумци се залагаат за отфрлување на новите законски измени во високото образование, кои пред три недели добија зелено светло од пратениците од владејачката гарнитура.
Извор: 24Вести