Students For Liberty Macedonia на конференција во Берлин | Правдико

Правдико

   

Students For Liberty Macedonia на конференција во Берлин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

studentsИдеите за слободата и либертаријанската мисла во Европа, како никогаш досега се шират со незапирливо темпо. Пораката за МИР, ЉУБОВ и СЛОБОДА веќе неколку години сериозно опстојува помеѓу студентите кои преку своите студентски групи и конференциите ја пренесуваат на своите колеги. Тие знаат дека не се сами! Огромен број истомисленици и колеги на нивна возраст ширум светот напорно работат на истата цел – создавање на свет каде што човекот ќе биде слободен да живее онака како што тој смета дека е најдобро за него, без присила и контрола, без робување на нечии идеали и интереси но, без притоа да му наштетува на другиот. А кој друг би можел да ја пренесе оваа порака, ако не младите амбициозни студенти од студентските групи кои се дел од мрежата на Students For Liberty? За среќа, такви студенти постојат и кај нас – Students For Liberty – Macedonia.

studКако круна на сета таа активност на студентите се секако годишните конференции. Оваа година по трет пат, беше одржана годишна конференција на меѓународната студентска организација – European Students For Liberty (Европски Студенти за Слобода). Тридневната конференција беше посетена од околу 600 студенти од целиот свет, а секако во најголем дел од студенти од Европа. Голем број предавачи меѓу кои докажани истражувачи, професори, научници но и студенти кои сериозно се заложуваат за ширење на идеите за слободата во своето општество, ја имаа честа да застанат зад говорницата и да го пренесат своето знаење и искуство на своите колеги. Секако, честа беше и за оние кои се наоѓаа од другата страна, во публиката, да ги чујат инспиративните говори на искусните и докажани борци за слободно општество.

Конференцијата траеше три дена, и се одржа во Humboldt University во Берлин. Најзаслужни за одличната организација на конференцијата се членовите од Извршниот одбор на ESFL кои цела година неуморно работеа на подготвување на истата. Но и со помош од нас – координаторите, како и студентските групи од Берлин, кои бевме активно вклучени во целиот процес, конференцијата помина без никакви проблеми а притоа оставајќи ги со топли импресии учесниците кои преку долготрајните и громогласни аплаузи јасно го искажаа своето задоволство.

stud2Се надевам дека бројот на студенти кои ќе присуствуваат од Р. Македонија ќе се зголеми за наредната конференција во 2015 година. И чест и задоволство ми претставува тоа што поради создавањето на нашата студентска група Students For Liberty – Macedonia (Студенти за Слобода – Македонија), за прв пат оваа година зборот СЛОБОДА беше испишан и на македонски јазик, каде што стоеше помеѓу десетиците јазици од Европа односно секаде онаму каде што ESFL има свој координатор и студентска група. Се надевам следната година ќе имаме многу поголем број на студенти посветени на слободарските идеи и не само членови од нашата група, желни да научат повеќе за либертаријанизмот како од предавачите така и од дружењето со своите колеги од Европа, и ќе учествуваат на наредната конференција на European Students For Liberty!

Сликите од овогодинешната конференција можете да ги погледнете овде.

Никола Г. Петровски

Координатор во Р.М на European Students For Liberty,
Претседател на Students For Liberty – Macedonia

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико