Студентската трибина на темата „Трговија со луѓе – Ропство во 21-ви век“ | Правдико

Правдико

   

Студентска трибина на тема: „Трговија со луѓе – Ропство во 21-ви век“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Trafficking_WebИмајќи ги предвид скорешните случувања со мигрантската и бегалска криза во Европа, која двојно ги зголеми ризиците од криумчарење мигранти и трговија со луѓе, Проектот за развој на полицијата, финансиран од ЕУ, организира Студентска трибина на темата „Трговија со луѓе – Ропство во 21-ви век“, која ќе се одржи на 27 април 2016, среда, на Правниот факултет во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Воведни излагања на трибината ќе имаат: Проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски, Професор по криминологија и пенологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“, г-дин Сауд Кадич, Заменик командир во полициската станица на Аеродромот во Љубљана, Република Словенија, г- ѓа Ивона Закоска-Тодоровска, Специјалист за асистенција на мигранти од Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и г-дин Маринко Кочовски, Помошник директор – Оддел за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност. Студентската трибина ќе ги обедини студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Климент Охридски“ – Битола, а со цел да ги отвори темите поврзани со причините кои доведуваат до појавата на овие криминални активности, последиците и најчестите облици на експлоатација на жртвите на трговија со луѓе.

Посебен акцент ќе биде ставен и на перспективата на сериозно кршење на човековите права, како и правните и институционалните механизми за справување со овој феномен. Студентската трибина е организирана од страна на Проектот за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата“, финансиран од ЕУ, а во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“, Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност.

Препорачуваме

Партнери на Правдико