Субрата Рој останува во затвор | Правдико

Правдико

   

Субрата Рој останува во затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Индискиот Врховен суд се премисли и по најавата дека бизнисменот Субрата Рој може да биде пуштен од притвор, одлучи да не ја прифати кауцијата на компанијата „Сахара“. Рој е во притвор веќе два месеца, а неговите адвокати предложиле во рок од три дена да уплатат околу 415 милиони долари, а уште 2.500 крори или 415 милиони долари, како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори или околу 830 милиони долари да бидат исплатени во рок од 60 дена. 

article-2573252-1C0A785000000578-506_468x286

Како што пишуваат индиските медиуми, судиите вчера донеле одлука да не го прифатат предлогот на адвокатите на Рој за исплата на бараната кауција на три рати и побарале поповолен план за исплата на долгот. 

Судот побарал депонирање на 10.000 крори, околу 2 милијарди долари, односно половина од износот што Субрата Рој им го должи на своите доверители, за да може да се разговара за кауција и негово пуштање од притвор, пишува „Хиндустан тајмс“. Весникот цитира изјава од Судот, во која судиите оценуваат дека начините кои „Сахара групацијата“ ги предложила за исплата на штедачите се „систематично фрустрирачки“, а поплаките на Рој дека е неправедно затворен се неосновани. Судиите, при донесувањето на одлуката бизнисменот да остане во притвор, процениле дека тој кон нивните наредби, да најде начин за обесшетување на малите штедачи, се однесувал „ со пркос“. 

„Врховниот суд ја отфрли забелешката дека Рој треба да се изземе од сослушувањата и дека не била почитувана законската постапка пред неговото притворање, пред точно два месеца“, пишува „Хиндустан тајмс“. Судот нагласил дека постапката била беспрекорна, но бизнисменот не ги почитувал апелите да започне со исплатата на парите кои ги должи на штедачите. Отфрлени биле и тврдењата на Рој дека кредиторите веќе добиле пари како отштета, бидејќи, судиите заклучиле дека за тоа не биле приложени никакви докази. 

Рој и двајца негови директори се во притвор во индискиот затвор „Тихар“, од крајот на февруари. Со најновата одлука, тие остануваат во притвор се’ додека нивните бранители не дадат некој ревидиран предлог, со кој парите ќе се вратат на инвеститорите, по што тој и директорите би биле ослободени. 

Автор: Сања Наумовска

Извор: Утрински

Препорачуваме

Партнери на Правдико