Субвенции за работодавачите за вработување приматели на социјална помош | Правдико

Правдико

   

Субвенции за работодавачите за вработување приматели на социјална помош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
pariНа денешната владина седница беа усвоени предлози за измена и дополнување на законите за вработување и социјална поддршка во случај на невработеност, со цел да се поттикнат компаниите и работодавачите за вработување на приматели на социјална помош.
Со нив е предвидено секој работодавач доколку се одлучи да вработи примател на социјална помош, во следните 24 месеци да биде субвенциониран со дел од средствата, кои ги добивало лицето како социјална помош.
Како што беше појаснето на седницата доколку примателот на социјална помош добивал по 3.000 денари месечно, кога ќе се вработи неговиот работодавач во следните 24 месеци ќе добива по 2.400 денари субвенција.
Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико