Британскиот парламент мора да даде зелено светло за напуштање на ЕУ | Правдико

Правдико

   

СУД: Британскиот парламент мора да даде зелено светло за напуштање на ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-2Парламентот на Велика Британија мора да гласа дали земјата може да го започне процесот на напуштање на Европската унија (ЕУ), реши судот во Лондон.

Ова значи дека владата нема да може да се повика на Член 50 од лисабонската спогодба – да отпочне формални разговори со ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека референдумот – и овластувањата на министрите – значи дека пратениците нема потреба да гласаат, но противниците на излезот од ЕУ ова го нарекоа неуставно.

Владата, сепак, ќе поднесе жалба на одлуката на судот.

На министрите им беше соопштено да се подготват за продолжение на процесот во Врховниот суд, најверојатно на крајот на годинава.

Премиерката рече дека ќе го активира Членот 50, формално ќе ја извести ЕУ за намерата на Британија да ја напушти ЕУ до крајот на март следната година.

На референдумот во јуни 51.9 проценти од регистрираните гласачи се произнесоа за напуштање на унијата наспрема 48.1 проценти кои гласаа против.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико