Суд во Истанбул нареди шестмина активисти за човекови права да останат во притвор | Правдико

Правдико

   

Суд во Истанбул нареди шестмина активисти за човекови права да останат во притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Истанбулски суд нареди шестмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и директорот на „Амнести интернешнал“ за Турција, да останат во притвор во очекување на процесот по обвинението за помагање вооружени терористички групи.

Четворица други активисти денеска се ослободени од притвор во очекување на процесот но добија забрана да патуваат во странство и треба редовно да се пријавуваат во полиција. Турскиот суд не наведе на кои терористички оргнизации им помагале осомничените.

Извор: ТВ24

Препорачуваме

Партнери на Правдико