Судењата за сообраќајни прекршоци се преместуваат во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 | Правдико

Правдико

   

Судењата за сообраќајни прекршоци се преместуваат во старата зграда на Основниот суд Скопје 1

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите судења од одделот за сообраќајни прекршоци, почнувајќи од денеска (1 април), ќе се одржуваат во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 во комплексот Судска палата.

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги известува сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки од одделот прекршоци – сообраќај дека сите судења од овој оддел кои досега се одржуваа во ‘бараките’ во близина на Градскиот парк од денеска, 1.4.2019 година, ќе се одржуваат во старата зграда на судот на булeварот Гоце Делчев б.б. во комплексот Судска палата“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека повеќе информации за бројот на судницата каде е насочен конкретен  предмет, странките може да добијат на шалтерот за прием во судот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико